Ниту болеста не го спречува: Михајловиќ излегува повторно од болница?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот тренер Синиша Михајловиќ боледува од леукемија, па од јули се бори со опасната болест, а според најновите информации на италијанските медиуми, тој би можел повторно да излезе од болница за да ја предводи Болоња.

Болоња денеска го пречекува Лацио, па Михајловиќ се надева дека ќе ја напушти болницата и ќе седне на клупата на својот тим во мечот против гигантот од Рима.

Михајловиќ претходно излезе од болница да ја води Болоња на натпреварите против Верона (1-1) и СПАЛ (1-0), а сега повторно сака да ги израдува неговите фудбалери.

Во текот на наредните неколку часа ќе биде позната дали српскиот тренер ќе добие довола од докторите да ја напушти болницата и да седна на клупата за денешниот меч.