Ниту Челси, ниту Наполи: Веига ќе игра со Алиоски во Ал Ахли


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Еден од најдобрите млади шпански фудбалери Габи Веига долго време се поврзуваше со трансфери во европските гиганти Челси и Наполи, но на крајот реши да се пресели во Саудиска Арабија.

Наполи преговараше со Селта и фудбалерот, а трансферот пропадна откако калчолигашот реши во последен момент да ги промени условите во преговорите.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Веига во меѓувреме водел тајни преговори со Ал Ахли, кој ќе плати 30 милиони евра за трансферот на младиот Шпанецот.

Веига во Ла Лига има настапено на 50 натпревари и притоа постигна 11 голови и четири асистенции, а во Ал Ахли ќе ја дели соблекувалната со Езгјан Алиоски.