Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ѕвездата на Милвоки бакс, Јанис Антетокумпо синоќа го одигра најдобриот натпревар во кариерата во НБА-лигата, па против Филаделфија постигна нешто што долго ќе го памети.
Грчкиот ѕвер постигна дури 45 поени, имаше 13 скокови, шест асистенции, а во текот на мечот немаше ниту една загубена топка.
Гркот на таков начин стана прв кошаркар по легендарниот Мајкл Џордан, кој на еден меч успеал да постигне 45 поени, да има барем 10 скокови и да има пет асистенции без ниту една загубена топка.
Од друга страна, Милвоки во моментов се наоѓа на прво место во Истокот со 59 победи и 20 порази.
Да потсетиме, на легендарниот Џордан тоа му успеа во далечната 1989 година.
Giannis is the first player to have 45 points, 10 rebounds, 5 assists and ZERO turnovers in a single game since Michael Jordan in 1989!!
(via @ESPNStatsInfo) #FearTheDeer pic.twitter.com/WJ1uFBL9CV
— Milwaukee Bucks (@Bucks) April 5, 2019