Ниту Јувентус, ниту Барселона: Донарума доби неочекуван повик од Рим?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Џанлуиџи Донарума реши да го напушти Милан и кариерата да ја продолжи на друго место, а за неговите услуги владее голем интерес. Најмногу се поврзуваше со Јувентус и Барселона, а за него наводно е заинтересирана и Рома.

Тимот од Рим се бори за неговиот потпис, а Жозе Мурињо бара квалитетни засилувања, па реши да си ја проба среќата со Донарума.

„Газета дело Спорт“ објави дека Мурињо го повикал Донарума да му се приклучи во Милан, а во исто време Португалецот го убедува раководството да му даде плата од 12 милиони евра годишно.

Мурињо чека одговор од двете страни, но секако би било големо изненадување доколку првиот голман на Италија реши да се пресели во Рим.

Донарума на 16 години почна да брани во првиот тим на Милан и на 22 години одигра 251 меч за тимот од „Сан Сиро“.