Ниту Кутињо ниту Фернандеш: Тотенхем испрати понуда, Јувентус ја прифати- Дибала се сели во Лондон


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Најугледниот италијански новинар, Џанлука Ди Марцио вечерва пренесува навистина сензационална вест.

Имено, новинарот на „Скај Спортс“ пишува дека Тотенхем испратил понуда во висина од 70 милиони евра за услугите на Пауло Дибала и истата била прифатена од раководството на Јувентус.

Сега останува само играчот и клубот од Лондон да ги договорат личните примања по што треба да следи и официјализација на трансферот.

Јасно е дека Дибала ќе бара огромна сума на пари како месечна плата, но се верува дека од Тотенхем се подготвенида му ја понудат бараната плата, нешто што Манчестер Јунајтед не го стори во текот на вчерашниот ден.