Џабе беа двата гола на Обамејанг: Арсенал освои само бод против Норвич (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арсенал заборави што значи победа и освојување на три бода, откако денеска ја продолжи лошата форма во Премиерлигата и запиша реми против Норвич (2-2) во 14. коло.

Тиму Пуки во 21. минута донесе водство за домаќините, а неколку минути подоцна Пјер Емерик-Обамејанг израмни од пенал на 1-1.

Во самиот финиш од првото полувреме Тод Кантвел успеа да го врати Норвич во предност (2-1), а Обамејанг со својот втор гол во 57. минута му донесе бод на Арсенал.

Арсенал сега се наоѓа на осмото место во Премиерлига со 19 бодови, односно седум помалку од позиција која води во Лигата на шампиони следната сезона.

На вториот меч денеска, кој се одигра од 15 часот, Вулверхемптон ги подели бодовите со Шефилд јунајтед (1-1).