Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Реал Мадрид во претходниот период се поврзуваше со многу ѕвезди од светскиот фудбал, но денешната информација на „Марка“ ќе ги разочара навивачите на шпанскиоот гигант.
„Марка“ објави дека „кралевите“ нема да можат да се засилат на ниту една позиција бидејќи очекуваат дополнителна загуба од 150 милиони евра поради празните трибини, поради што ќе мора да штедат.
Реал Мадрид има проблеми со плати, посебно за Хамес Родригез и Герет Бејл, кои не играат често, а земаат голема плата, па шпанскиот тим ќе се обиде да ги продаде следното лето.
Најпопуларни фудбалери со кои Реал се поврзуваше беа Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд и Килијан Мбапе од ПСЖ, но тие ќе останат само соништа летово.