Нкунку доаѓа во Лондон, но не е единствен: Потер го сака и новиот миленик на Шпанија


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


На Мундијалот во Катар не го гледаме Кристофер Нкунку кој се повреди, но сепак тој е главна тема во дел од медиумите затоа што треба да се пресели во Челси, односно се чека само официјална потврда, откако паднал договор меѓу двете екипи.

Нкунку доаѓа во Лондон следното лето за 60 милиони евра, а повеќе детали за платата и на колку години ќе биде потпишана соработка, се очекуваат во следниот период.

Англиските и шпански медиуми пишуваат дека „сините“ следат и други фудбалери, а меѓу нив е и шпанскиот репрезентативец Нико Вилијамс.

Вилијамс има 20 години и игра за Атлетик Билбао со брат му Ињаки Вилијамс, а неговиот квалитет е доволно голем за да привлече интерес на Грем Потер.

Освен Челси, за услугите на Вилијамс се заинтересирани Ливерпул и Јувентус, но „сините“ наводно се подготвени да го купат уште во јануари за 50 милиони евра.