Нкунку, Рајс, Алварез и Леао: Челси ќе прави целосен ремонт (Фото)


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Челси доби нов газда пред почетокот на сезоната, а Тод Боели веднаш инвестираше над 100 милиони евра за засилувања, но тука не мисли да запре затоа што до следното лето сака да создаде нова екипа.

Познатиот новинар Фабрицио Романо објави дека Кристофер Нкунку најверојатно ќе биде ново засилување на Челси следното лето, а „сините“ исто така се заинтересирани за Деклан Рајс од Вест Хем, но и за Рафаел Леао.

Последно име на листата со желби на Боели е Едсон Алварез од Ајакс, кој привлече интерес и на други гиганти, но сите овие фудбалери би можеле до следното лето да потпишат за поранешниот европски првак.