Нојер упати критики до Донарума: Знаеше дека ќе го повреди!


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Мануел Нојер, голманот на Баерн, упати жестоки критики кон голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума, кој го повреди неговиот соиграч, Џамал Мусиала.

Денес во четвртфиналето на Светското првенство во Америка се сретнаа ПСЖ и Баерн, а со резултат 2:0 победи францускиот тим.

Дуе го донесе ПСЖ во водство во 78. минута, а потоа Парижани во 82. и 92. минута останаа без исклучените Пача и Хернандез.

И со два играчи помалку ПСЖ успеа да дојде до вториот гол кога во шестата минута од судиското продолжение погоди Дембеле. Кон крајот на првото полувреме беше видена и тешка повреда која ја задоби играчот на Баерн, Џамал Мусиала.

При борба за една топка Џанлуиџи Донарума, голманот на ПСЖ, влезе со акција така што прв стигна до топката, но го сруши играчот на Баерн.

Тешка повреда задоби Мусиала при оваа прилика. Иако Донарума сигурно немаше таква намера, доби жестоки критики од колегата од другата страна, Нојер.

„Тоа беше ситуација во која не требаше да се влегува на таков начин. Тоа е преземање на ризикот. Беше подготвен да го прифати ризикот од повреда на противникот. Знаеше дека многу веројатно ќе го повреди“, рече германскиот голман.

Фото: Принтскрин