Ноќ на драма и рекорди, Лејкерси и Хјустон победија во последната секунда! (Видео)


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Лука и Лејкерси стигнаа до нова победа, Лук Кенард со тројка во последната секунда го сврти натпреварот на Флорида, па првото место на вечната листа по бројот на натпревари (1612 вкупно) ЛеБрон го прослави со победа.

„Кралот Џејмс“ прескокна рекорд стар триесетина години на „Шефот“ Периш. Дончиќ постигна 33 поени, доби и 16. техничка грешка по излегувањето во конфликт со Гога Битадзе, па автоматски ќе паузира во следниот натпревар против Пистонс во Детроит утре навечер. Инаку, Лејкерси се во серија од девет победи. 

ЛаМело погоди седум тројки за 29 поени против Мемфис, Шарлот во последните два месеца e со резултат 21-6, навистина се променија, младиот тим на Хорнетс лета, ќе се обидат по пет години да се вратат во плејофот. Во првиот натпревар денес шампионот Тандер го совлада Вашингтон, Шај со 40 поени беше загатка за тимот на Вукчевиќ. Србин доби дваесетина минути, промашуваше, на крајот шест поени и седум скока.

Кливленд го помина Луизијана, „Брадата“ се разбуди навреме и сите 20 поени Харден ги даде во последната четвртина. Мичел броеше до 27, кавсите последната четвртина ја добија со 35:18 и така го решија натпреварот. И покрај проблемите со пенали, Зајон беше најефикасен во редовите на Пеликанс со 25 поени.

Одлична партија на Австралиецот Дајсон Денијелс 27 поени за Атланта 12. победа на Хоукс во 13 натпревари, жртва беше десеткуваниот Голден Стејт. Дјурент со 27. поен го прескокна Мајкл Џордан на петтото место на вечната листа стрелци, се радуваше на победата, одлуката беше за Ејмен Томпсон. Тој го поправи промашувањето на Дјурент во последната секунда за победа на Хјустон против Мајами. Јовиќ играше помалку од четири минути, три промашувања, имаше само еден скок.

.