Ноер денес планира да го најави крајот на својата кариера?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ретко се случува некој фудбалер во финишот на сезоната да свика прес-конференција како би изјавил нешто важно. А вчера тоа го направи Мануел Ноер.

Ноер за денеска закажа прес-конференција на која, како што е наведено од Баерн ќе соопшти нешто многу важно.

Во клубот никој не знае за што се работи, а германските медиуми шпекулираат дека искусниот голман планира да го најави крајот на својата фудбалска кариера.

Ноер има 33 години, но во последно време има сериозни проблеми со повредите така што ни крајот на оваа сезона нема да го дочека помеѓу стативите. Така во минатата натпреварувачка година на голот застана само четири пати, а оваа година имаше многу повеќе придонес и во својата кариера запиша 37 настапи.

Заминувањето на одличниот голман во прерана пензија сигурно ќе биде голем губиток за Баерн, но и општо за целиот светски фудбал. Во Баерн стигна во 2011 година од Шалке и платен е 30 милиони евра.