Нојер ги прекина преговорите!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голманот на Баерн нема да се врати на преговори …

Мануел Нојер се откажа од Баерн. Легендарниот голман ги прекина преговорите со Баварците, тој верува дека клубот не покажува доволно интерес, дека сметаат дека е премногу стар и едноставно нема да преговара.

Сумата што тој ја бараше беше астрономска, 20 милиони евра по сезона, но толку зема и Кутињо, колку и Лукас Ернандес, кој пристигна од Атлетико.

Нојер смета дека треба да биде најплатен играч во клубот, дека тој сепак е еден од најдобрите голмани во светот, бидејќи е лидер на тимот, но дека Баерн го занемарува.

Тие воопшто не размислуваат да му дадат толку пари, но го донесоа Александар Нубел, кој на почетокот би бил резерва, но има загарантирано да брани одреден процент на натпревари во договорот.

Се шпекулираше дека Тер Штеген е цел, но тој нема да ја напушти Барселона.

Да додадеме и дека за Нојер е заинтересиран Челси и нема да има проблеми да најде ангажман.