„Ноќта пред натпреварот никој не јаде лоша храна, сите гледаме во чинијата на Роналдо“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кристијано Роналдо се врати во Манчестер јунајтед по 12 години и веднаш имаше големо влијание на играчите на премиерлигашот.

И тоа не само на теренот, туку и надвор од него, а за тоа сведочат и зборовите на голманот Лиј Грант, кој беше гостин во една емисија еден ден по мечот против Њукасл.

„Петок навечер, сите завршуваме со вечерата во хотел и свесни сме дека е време кога може да јадеме лоша храна. Сепак, ниту еден играч не се осмелува да стане и да земе колач. Еден од фудбалерите праша што има Роналдо во чинијата, а веднаш сите погледнавме и забележавме дека тоа е најздравата храна која може да ја замислите. Јас се растажив што никој од останатите игрчаи не стана да земе од нездравата храна“, вели Грант.