Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тоа што беше познато и претходно, сега доби потврда. Новак Ѓоковиќ е прв фаворит за титулата на Ју-Ес Опен, и турнир во Њујорк ќе го дочека како прв носител.
Ѓоковиќ на терените ќе се обиде да го освои и четвртиот гренслем-турнир. Досега тој ги освои Австралијан опен, Ролан Гарос и Вимблдон, а сега го брка и Ју-Ес опен.
Пред него, сите четири трофеи само ги освои само Род Лејвер, Штефи Граф, Маргарет Корт и Морин Коноли Бринкер.
Втор носител е Данил Медведев, против кој Ѓоковиќ не може да игра до финалето, додека во првите пет се уште и Стефанос Циципас, Александар Зверев и Андреј Рубљев.
Ждрепката ќе биде направена во петок на 27 август, а турнирот е закажан за период од 30 август до 12 септември.