„Ноле, зошто играш? Не можеш да ја освоиш 25. Гренд слем титула“


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Легендарниот германски тенисер Борис Бекер се сомнева дека Новак Ѓоковиќ некогаш ќе стигне до 25. Гренд слем титула.

Поранешниот тренер на српскиот тенисер во подкастот, кој го води со Андреа Петковиќ, изјави дека 2026. година лесно може да биде последната за Новак.

„Игра против Синер или Алкарас и не знае колку ќе трае неговата Гренд слем кариера. Ова е првпат отворено да зборуваме за 2026. година како негова последна кога се работи за четирите најголеми турнири”, рече Бекер и додаде:

“Спомена дека сè уште може да се натпреварува со најдобрите, тоа е вистина, но зошто уште игра тенис? Да го освои Рим и Монте Карло или 25. Гренд слем титула? Мислам дека е ова второво. Верувам дека тоа не може да го оствари, со оглед на годините и силата на помладите играчи.”