Норис испадна од трката за нов возач на Мерцедес


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Британскиот возач Ландо Норис потпиша нов договор со Мекларен и така испадна од трката за нов возач на Мерцедес од идната година.

Мерцедес ќе се раздели со Луис Хамилтон, кој потпиша за Ферари, па активно бара замена за седумкратниот светски шампион.

„Среќен сум и задоволен. Немам причина зошто да бидам разочаран. Уживам во мојата работа и се трудам да бидам сè подобар. Во моментов сметам дека сме далеку зад Ред Бул и Ферари, а тоа значи дека ни претстои многу работа во следниот период“, кажа Норис.