Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Ландо Норис смета дека судирот со тимскиот колега и ривал за титулата Оскар Пиастри е само прашање на време, признавајќи дека тензиите би можеле да се прелеат и на патеката.
По девет трки од сезоната 2025, возачите на Мекларен ги делат само десет поени и сè укажува на тоа дека титулата ќе се одлучува токму меѓу нив двајцата.
Иако Пиастри има дури пет победи и нешто постабилно темпо, Норис му е сè уште во чекор без оглед на турбулентниот почеток на годината.
Британецот призна дека направил серија грешки, особено во квалификациите, но како што одминува сезоната, се чини дека сè подобро го чувствува MCL39.
Во Барселона сепак беше побавен од Пиастри, кој тогаш ја потврди својата одлична форма.
Досега имаа многу малку директни дуели на патеката – освен кратката пресметка во Имола, каде што Норис имаше предност поради подобри гуми.
Зборувајќи пред трката за Големата награда на Канада, Норис отворено рече дека контакт со Пиастри е „неизбежен“.
„Никогаш не рековме дека ќе избегнеме сè“, изјави Норис.
Фото: Принтскрин