„Нормални ли сте? Меси да ви лежи зад жив ѕид, тоа е непочит!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси го постигна својот прв гол во дресот на ПСЖ во победата од 2-0 против Манчестер сити во Лигата на шампиони (ЛШ), но сите зборуваа за него поради една друга ситуација.

Меси се жртвуваше за клубот и во последните минути од натпреварот легна зад живиот ѕид за да спречи обид на противниците да постигнат гол.

Меѓутоа, тоа го изнервира поранешниот дефанзивец на Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд, кој кажа дека такво нешто не смее да му се случи на Аргентинецот.

„Некој требало да му каже не, не и не на Маурицио Покетино кога вежбале на тренинг за вакви ситуации. Ова е непочит кон Меси, такво нешто не смееше да му се случи. Јас да бев таму, ќе легнев на негово место“, кажа Фердинанд.