Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
Барселона и Реал Мадрид добија конкуренција за потписот на Нејмар, откако „Глобоеспорте“ објави дека Јувентус испратил понуда за ѕвездата на ПСЖ.
Интересот на двата шпански клуба е одамна познат, но ПСЖ не може да пронајде заеднички јазик за трансферот на Нејмар.
Медиумите пишуваат дека Јувентус во понудата го вклучил и Пауло Дибала, покрај 100 милиони евра, а тоа би можело да биде примамливо за францускиот шампион.
Нејмар по караницата со управата на ПСЖ сака да го напушти Париз, па би можел да се пресели во италијанскиот шампион и да заигра со Кристијано Роналдо.
Да потсетиме, Барселона испрати последна понуда за Нејмар, па останува да видиме што ќе се случи со Бразилецот.
Juventus, Neymar için PSG’ye 100 milyon euro + Paulo Dybala teklifinde bulundu. (AS) pic.twitter.com/fXaxWTysur
— Goal Türkiye (@GoalTurkiye) August 20, 2019