Нов дабл-дабл на Јакимовски за Вашингтон


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Андреј Јакимовски игра многу добро во дресот на Вашингтон Стејт Универзитетот, а синоќа беше еден од главните кошаркари на теренот против екипата на Вашингтон хаскис (93-84).

Јакимовски повторно стигна до дабл-дабл во дресот на Вашингтон Стејт, откако постигна 12 поени и 17 скокови за 32 минути поминати на паркетот.

Македонскиот кошаркар погоди три тројки, а реализираше и три слободни фрлања за својата екипа, додека имаше и шест офанзивни и 11 дефанзивни скокови.