Нов договор падна во Арсенал: Уште еден дефанзивец сигурен на „Емирати“…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според најновите информации кои пристигнуваат од Англија, Начо Монреал ќе остане во Арсенал и по завршувањето на оваа сезона.

Монреал беше мета на Барселона, но каталонскиот гигант по се судејќи се одлучи за Алберто Морено, сегашниот член на Ливерпул кому исто така му истекува договорот на крајот од оваа сезона.

Ова значи дека Монреал би можел да остане во Арсенал и по оваа сезона и дека е блиску до договор со клубот.

Шпанскиот дефанзивец Монреал веќе има 33 години и тешко дека Арсенал може да му понуди договор кој ќе биде подолг од една година, имајќи предвдид дека тоа не е пракса во англиските великани.

Монреал во Арсенал пристигна во сезоната 2012/13, одигра вкупно 227 натпревари и постигна 10 погодоци.