Нов фаворит се искачи на врвот на стартот на Ф1 сезоната


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Новата сезона на Формула 1 наскоро започнува, а веќе е познато кој според обложувалниците е главен фаворит за титулата светски шампион. Британецот Џорџ Расел од Мерцедес води со коефициент 3.00, иако во последните четири сезони Мерцедес ретко беше на самиот врв на поредокот.

Тестовите за новата сезона покажаа дека тимот под раководство на Тото Волф најдобро се приспособи на промените во правилата, а Расел се истакнува со комбинација од искуство, брзина во квалификациите и паметен пристап кон трките, што му дава предност пред младиот колега Андреа Кими Антонели.

Зад Расел, според обложувалниците, е четирикратниот светски шампион Макс Верстапен од Ред Бул со коефициент 4.00. Иако според тестовите изгледа дека Ред Бул ќе биде само четвртиот најбрз болид, Верстапен минатата сезона покажа способност да ги надомести слабостите на својот болид и поради тоа се наоѓа високо на листата на фаворити. Третото и четврто место ги заземаат возачите на Ферари, Шарл Леклер со коефициент 6.00 и Луис Хамилтон со коефициент 7.00. Леклер минатата сезона покажа подобро разбирање на болидот и убедливо го надмина Хамилтон, и покрај богатото искуство на британскиот возач.