Нов голман во Милано: Донарума ќе го замени најдобриот од Лига 1 – почнаа медицинските прегледи! 📸


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Џанлуиџи Донарума наскоро ќе го напушти Милан како слободен играч, а клубот од „Сан Сиро“ реагираше и пронајде одлична замена.

Мајк Мањан, голманот на францускиот шампион Лил, во понеделникот стигна во Милано и денеска ќе има медицински тестови.

Познати се и деталите од трансферот во кој голманот на Лил доаѓа во италијанскиот вицепрвак. Милан за Французинот ќе плати 15 милиони евра со бонуси, а 25-годишниот чувар на мрежата ќе заработува три милиони евра по сезона.

Мањан веќе некое време се споменува како голман кој треба да стигне во Милано како замена за Донарума, а официјална потврда за трансфер треба да биде објавена во следните денови.