Нов кикс на Борусија Дортмунд, Баерн Минхен се поблиску до врвот


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Екипата на Борусија Дортмунд полека ги испушта конците од рака и му дозволува на Баерн Минхен опасно да се доближи до врвот на табелата.

„Милионерите“ не успеаја да победат и на трет натпревар по ред во Бундеслигата откако денеска без голови ремизираа со Нирнберг.

Претходно избраниците на Фавре не победија на натпреварите со Хофенхајм и Ајнтрахт Франкфурт со што му дозволија на Баерн Минхен да се доближи до првото место на само три бода.

Борусија Дортмунд во следното коло ќе го пречека тимот на Баер Леверкузен, додека Баерн Минхен ќе биде домаќин на Херта Берлин.