Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот српски репрезентативец Душко Тошиќ и неговата позната пејачка Јелена Карлеуша очигледно имаат проблеми во нивниот брак веќе долго време.
Српските медиуми објавија дека Душко ја изневерил Карлеуша со една позната ТВ-водителка, чие име не е објавено во јавност, а наводно пејачката почнала истрага за да дознае за која девојка станува збор.
Во Србија шпекулираат дека тоа е Сања Маринковиќ, која води забавна емисија и е разведена, иако и таа самата кажа дека не се познава со Душко бидејќи има пријателска врска со Јелена.
Голем скандал изби и минатата година во кој беше вмешана Карлеуша, чиј љубовник тогаш беше Огњен Врањеш. Тие наводно биле во Грција, а подоцна на различни начини се обидуваа да се пресметаат.