Нов напаѓач се поврзува со Манчестер Јунајтед: Оле плаќа 60 милиони фунти за полски репрезентативец


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед е во потрага по напаѓач кој ќе биде партнер на Ентони Марсијал и Маркус Рашфорд во клубот.

„Ѓаволите“ не се баш во најдобра форма, а 2020 година ја започнаа на лош начин со порази од Арсенал и Сити и реми со Вулверхемптон.

„Сан“ пренесува дека Оле Гунар Солскјер ќе се обиде во јануари да го донесе напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик.  За да го обезбедат потписот на полскиот фудбалер „ѓаволите“ се подготвени да платат околу 60 милиони фунти, сума која според многумина е многу голема за играч кој игра топло-ладно речиси целата своја кариера.