Нов напредок на Калин Ивановски на АТП-листата!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најталентираниот македонски тенисер Калин Ивановски стигна до четвртфинале на вториот турнир во Монастир, Тунис, а тоа му донесе нов напредок на АТП-листата која беше објавена денеска.

Ивановски минатиот понеделник имаше џиновски скок од над 300 позиции, а сега напредуваше дополнително за 33 позиции и се наоѓа на 749 позиција на најновата ранг-листа.

Македонскиот тенисер игра одлично во последно време, а пред една недела го освои првиот турнир во Монастир, Тунис, откако беше подобар од Азиз Кијаметовиќ со 2-1 во сетови, односно 4-6, 6-4 и 6-1.