Нов натпревар нов неуспех за Мурињо: Тотенхем се „лизна“ на гостувањето кај Барнли (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барнли и Тотенхем ремизираа (1:1) во последниот денешен натпревар од 29. коло од англиската Премиер лига.

Тимот предводен од Жозе Мурињо може да биде задоволен со освоениот бод на гостувањето во Барнли затоа што домаќинот беше далеку подобар противник на теренит.

Вуд уште во 13. минута го отвори резултатот и со 1:0 се замина на полувреме. Тотенхем веќе на стартот на вториот дел го израмни резултатот со голот кој Деле Али го постигна од белата точка.