Нов (не)очекуван удар за Реал Мадрид, што ќе кажат фудбалерите?


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Голем број клубови се наоѓаат во тешка финансиска ситуација, а за тоа виновна е пандемијата на ковид-19.

Неочекувано, еден од таквите клубови е Реал Мадрид, кој повторно ќе бара од своите фудбалери да се откажат од дел од платата.

Тие веќе се откажаа од еден дел од платите пред неколку месеци, а клубот наводно остана без профит од 200 милиони евра профит.

Тоа се случи во период кога фудбал не се играше поради пандемијата на вирусот, што е голем удар дури и за „кралевите“.

Во првото намалување на платите играчите и стручниот штаб се откажаа од околу 20% од своите плати, а уште не е познато колку ќе изнесува новото намалување.