Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Екипите на Наполи и Аталанта одиграа доста возбудлив натпревар кој на крајот заврши без победник, 2:2.
Наполитанците важеа за фаворити на оваа дерби пресметка, но на крајот се задоволијасамо со бод затоа што Јосип Иличиќ во последните моменти од средбата донесе реми.
Немања Максимовиќ во 16. минута го отвори резултатот, но пред крајот на полувремето, Фреулер израмни на 1:1.
За третиот гол на средбата се чекаше до 71. минута кога Аркадиуш Милик погоди за радост на „Сан Паоло“. Сепак, Иличиќ ги уништи радостите на домашните навивачи кога во 86. минута по втор пат ја затресе мрежата на Наполи.
Во тимот предводен од Карло Анчелоти не заигра нашиот Елиф Елмас кој остана на клупата за резервни фудбалери.