Нов неуспешен обид: Кристал Палас ја одби втората понуда на Манчестер Јунајтед со едно образложение


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


„Скај Спортс“ пренесува дека од Кристал Палас ја одбиле и втората понуда испратена од Манчестер Јунајтед за услугите на Арон Ван Бисака.

Понудата ги опфаќала бараните 50 милиони фунти на Кристал Палас но била изразена со 35 милиони фунти плус 15 милиони фунти во бонуси, но истата веднаш била одбиена.

Претходно Манчестер Јунајтед испрати понуда од 40 милиони фунти без бонуси и таа беше одбиена, а медиумот пренесува дека Палас ќе прифати „чиста“ понуда од 50 милиони фунти за својот десенбек.