Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска ↓↓↓
Вечерва Шкендија ќе отпише своја историска страница откако ќе се соочи со Рајо Ваљекано на нивниот терен, во првото коло од групната фаза на Конференциската лига. Овој дуел носи дополнителна тежина бидејќи по осум години македонски клуб повторно игра против претставник на Шпанија во европските натпреварувања.
Последниот македонски тим што се соочил со шпански клуб беше Вардар, кој настапуваше во групната фаза на Лига Европа во 2017 година. Скопјаните играа против Реал Сосиедад и овие дуели не се паметат по добро од страна на „црвено-црните“ и нивните поддржувачи. Баскијците доминираа со вкупна разлика од 9-0 – победувајќи 6-0 во Скопје и 3-0 во Сан Себастијан.
Многу години претходно, во далечната 2000 година, Пелистер имаше шанса да игра против шпански клуб во тогашниот Интертото куп. По елиминацијата на Хобшајд од Луксембург и Вастра Фролунда од Шведска, тие се соочија со моќната Селта Виго. И покрај поразите, Пелистер покажа искучителна храброст на теренот и се бореше достојно (3-0 во Виго и 2-1 во Битола).
Фото: KF Shkendija