Нов пресврт кој никој не го очекуваше за Ѓокереш


Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Виктор Ѓокереш е еден од најпобаруваните фудбалери во светот, а трансфер сагата околу неговото преминување во Арсенал доби нов пресврт.

Овој одличен напаѓач сака да го напушти Спортинг по уште една сензационална сезона во Португалија.

Тој на сите натпревари постигна дури 54 гола и втор пат по ред стана првак на Португалија со Спортинг.

Напаѓачот кој има 27 години својата кариера треба да ја продолжи во Премиер лигата, а со неговото доведување се поврзуваат Арсенал, Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Челси.

Се чинеше дека неговата повторна соработка со Рубен Аморим ќе биде идеален сценарио за сите, но поразот во финалето на Лига Европа промени многу нешта.

Ѓокереш наводно одбил да ја продолжи својата кариера во Манчестер Јунајтед и јасно стави до знаење дека го интересира само преминот на Емирејтс.

Како и да е, сега настанал нов пресврт во целата ситуација и Ѓокереш се наоѓа во многу тешка позиција.

Португалскиот Рекорд тврди дека Арсенал бил првиот клуб кој испратил официјална понуда за Ѓокереш, но сега сето тоа е запрено.

Причината за тоа е фактот дека од Спортинг јасно одговориле на раководството на Арсенал дека нема да прифатат ништо под 80 милиони евра.

Топџиите понудиле вкупно 65 милиони евра досега и немаат намера да понудат повеќе пари за Ѓокереш и се подготвени да се повлечат од целата работа.

Фото: Принтскрин