Нов пресврт во случајот со Фернандеш: Бенфика не го дава во Челси, ќе го пушта во Вест Хем


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Скај Спортс“ сега пренесува дека од Бенфика ќе ја разгледаат новата понуда која била испратена од страна на Вест Хем за услугите на Гедсон Фернандеш.

Младиот португалски фудбалер е  предмет на интерес на Челси и Вест Хем, а попознатиот клуб наводно испратил и подобра понуда до раководството на Бенфика.

Сепак, од португалскиот клуб веруваат дека Фернандеш нема да добива голема минутажа во ЧЕлси и дека тоа нема да ја повлече откупната клаузула по крајот на едно и пол годишната позајмица.

Токму затоа ќе го пуштат Фернандеш во Вест Хем, клуб во кој фудбалерот со сигурност ќе добива повеќе шанса во првиот тим отколку во Челси.

Раководството на Бенфкика за утре закажало дефинитивен состанок на кој ќе биде одлучено каде ќе заврши Фернандеш.