Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Напаѓачот на Реал Мадрид Родриго е на мета на многу клубови, но Бразилецот засега нема намера да замине.
Ова денес го објави мадридска Марка која тврди дека Родриго по враќањето од репрезентативните обврски одржал важен состанок со Чаби Алонсо и дека е задоволен од почетокот со новиот тренер.
Родриго е подготвен да докаже дека е сè уште подготвен да биде стартер, иако конкуренцијата му е сè поголема. Карло Анчелоти во завршницата на сезоната ја промени формацијата на 4-4-2 што најмногу влијаеше на неговата позиција, а сега уште во тимот пристигнува и талентираниот Аргентинец Франко Мастантуоно, кого Алонсо го гледа како идеално решение на десното крило.
Сепак, Родриго е свесен дека во Мадрид мора да постои силна конкуренција на секоја позиција и нема дилема дека ќе се избори за значителна минутажа, пишува Марка.
Ова е секако потенцијален проблем за Арсенал, бидејќи Микел Артета е „вљубен” во идејата да го доведе во својот тим, за што пишувавме ден претходно.
Артета го гледа Родриго како идеално лево крило, што е позиција на која Родриго нема да игра сигурно во Реал, бидејќи тоа место е резервирано за Винисиус Жуниор.
Да потсетиме, Реал Мадрид го проценува Родриго на 100 милиони евра, и моментално не изгледа реално дека неговиот трансфер ќе биде реализиран.
Тој за Реал одигра дури 267 натпревари, даде 68 голови и запиша 50 асистенции.
Фото: Принтскрин