Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Селекторот на Италија, Роберто Манчини се соочува со сериозни проблеми затоа што остана без услугите на Мануел Локатели од Јувентус на седум дена пред полуфиналето со Македонија во баражот за Светското првенство.
Локатели настапи против Вилјареал во поразот од 0-3 на Јувентус во Лигата на шампиони (ЛШ), а на денешното тестирање добил позитивен тест на ковид-19.
Ова е проблем затоа што Локатели не е сигурен за настап против Македонија бидејќи за да излезе од карантин ќе мора да добие два негативни тестови.
Манчини веќе не можеше да смета на Леонардо Спинацола и Федерико Кјеза за мечот против Македонија затоа што се повредени, а најверојатно ќе отсуствува и Леонардо Бонучи.