Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед во средата загубија во финалето на Лигата на Европа од Тотенхем, а конечниот резултат беше 1:0.
Тоа значи дека навивачите на Манчестер Јунајтед следната сезона нема да гледаат европски фудбал, првпат по 2014 година.
Се очекува ова да биде голем удар за Рубен Аморим во врска со трансфер периодот ова лето.
Наводно, Аморим ќе има дури 100 милиони евра помалку за трошоци бидејќи не успеа да избори пласман во некое од европските натпреварувања.
Аморим јасно изјави дека нема да даде оставка, но исто така напомена дека ќе замине ако клубот го побара тоа од него.
„Доколку управата и навивачите сметаат дека не сум вистинската личност, си одам веднаш следниот ден без никаква компензација”, изјави Аморим.
Една поранешна ѕвезда на Манчестер Јунајтед повеќе нема да биде на Олд Трафорд, барем не толку често како досега.
Станува збор за легендата на овој клуб, Норман Вајтсајд, кој стана најмладиот играч што дебитираше за овој клуб на 16 години во 1982 година.
Вајтсајд и неговата сопруга Ди 28 години беа носители на членски карти на Манчестер Јунајтед, но сега тоа ќе се промени.
„Долго време чекавме да го напишеме ова, но по 28 години решивме да не ја продолжиме нашата верност на Манчестер Јунајтед.
Сè што се случи во последните неколку години, од тоа што не можеме да влеземе на натпревар, до тоа што не можеме да доплатиме место за децата, е доста, доста е“, напишаа тие.
Фото: Принтскрин