Нов спектакл на повидок: Фјури сака реванш против Нгану


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Светскиот шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури неодамна славеше против Френсис Нгану со судиска одлука.

Фјури по борбата призна дека таа му била една од најтешките во последните 10 години, откако Нгану ги издржа сите 10 рунди.

Поранешниот ММА-борец импресионира со неговата борба, а Фјури кажа дека ќе пронајде време за реванш против Нгану.

„Не беше како што очекувавме. Мислев дека е само удирач како и останатите, но Нгану ми покажа дека е добар боксер. Ќе најдеме време за реванш“, кажа Фјури.