Нов срамен настап и нов неуспех на Арсенал: Брајтон за прв пат во историјата победува кај „топчиите“


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Екипата на Арсенал претрпе уште еден шокантен резултат откако денеска пред своите гледачи претрпе пораз од Брајтон со 2:1.

Гостинскиот тим беше подобар на натпреварот и сосема заслужено ги однесе сите три бода од „Емирати“.

Брајтон прв поведе со голот на Вебстер во 36 минута од натпреварот. Со 1:0 се замина на полувреме, а веќе во 50. минута Арсенал израмни на 1:1 преку Лаказет.

Во 80. минута, Мупеј на асистенција на Арон Мој погоди за 2:1 и го замолкна „Емирати“ нанесувајќи го деветтиот неуспех по ред на тимот сега предводен од Фреди Љунберг.