Нов трипл-дабл за Дончиќ, Леброн му донесе петти триумф по ред на Лејкерс (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Леброн Џејмс е лидер на Лос Анџелес Лејкерс и тоа го докажа во мечот против Сакраменто (136-134) за петта победа по ред на неговата екипа.

Леброн постигна 37 поени, осум скокови и седум асистенции, но доби поддршка од Томас Брајант со 29 поени и Денис Шродер со 27 поени.

Далас маверикс повторно се врати на победнички патеки, откако беше подобар од Њу Орлеанс со 127-117, а словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ го заврши натпреварот со 34 поени, 10 скокови и 10 асистенции.