Нов турнир во најава – ќе игра и Македонија!


Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Пред почетокот на полуфиналните натпревари од Купот на Македонија, претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов, обелодени дека ќе се формира ново натпреварување.

Федерацијата планира да иницира нов турнир кој ќе биде познат како „Трофеј Македонија“, истакна Стефанов.

Замислено е да се организира турнир на кој би учествувала македонската женска ракометна репрезентација, во друштво на селекции од различни земји. Овој план е дел од стратегијата за промоција, развој и зајакнување на конкурентноста на женскиот ракомет.