Нов заразен играч во НБА Лигата: Еден од најдобрите кошаркари позитивен на коронавирусот


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


НБА лигата го прекина натпреварувањето откако беше потврдено дека кошаркарот на Јута Џез, Руди Гобер е позитивен на коронавирусот.

Во САД како и секаде во светот владее голема паника, а од Јута во моментов стигна уште една лоша вест.

Нивниот најдобар играч, Донован Мичел исто така е позитивен на коронавирусот кој веројатно го префатил од неговиот соиграч Гобер.

Кошаркарите на Јута како што пишува Адриан Војнаровски се лути на својот соиграч, Гобер поради тоа што не се однесувал примерно во соблекувалната и покрај препораките за коронавирусот.

„Донован Мичел е позитивен на коронавирусот, извори од НБА Лигата го кажаа тоа за ЕСПН. Играчите на Јута изјавиле дека Гобер не бил внимателен во соблекувалната и редовно на шега ги допирал играчите и нивните работи. Сега негов соиграч е позитивен“ –напиша Војнаровски.