Нова бура во Манчестер јунајтед: Ѕвездата на тимот застана пред камерите по финалето и го нападна тренерот


Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Манчестер јунајтед беше поразен во финалето на Лига Европа од Тотенхем со 1:0 (1:0) и кога ќе се сумира – ова беше една од најлошите сезони за „црвените ѓаволи“ во последните 40 години. Јунајтед е на табелата на Премиер лигата на 16-то место, испадна во петтите рунди од ФА Купот и Купот на Лигата, а на крајот ни во Европа не се наслади и изгледа дека сè се руши како кула од карти.

Така што Алехандро Гарначо, еден од најстандардните играчи на Јунајтед во Лига Европа оваа сезона, брутално „удри“ по својот тренер Рубен Аморим откако го остави на клупата за финалето и го воведе дури во последните 20 минути.

„Оваа сезона беше жестоко ср***. Не победивме никого оваа сезона во лигата, искрено ви кажувам“, изјави Алехандро Гарначо на новинарите од Аргентина кои го чекаа во „микс“ зоната: „Додека не дојдовме до финалето играј ги сите рунди и му помагав на тимот, а денеска одиграв само 20 минути… Не знам. Ќе уживам овие летни денови и потоа ќе видиме“.

Алехандро Гарначо (20) оваа сезона одигра 58 натпревари за Манчестер јунајтед во сите натпреварувања и постигна 11 гола и 10 асистенции.

Фото: Принтскрин