Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Францускиот ас Килијан Мбапе нема баш добар период во Реал Мадрид, а многу работи не се баш такви како што замислил кога го потпиша договорот ова лето и пристигна од редовите на ПСЖ.
Доаѓањето на Мбапе во редовите на Кралевите не помина без куп коментари, но и само приспособувањето во Реал Французинот не го совладува најдобро.
Во дресот на Реал оваа сезона одигра вкупно 14 натпревари во сите натпреварувања, постигна осум голови и оствари две асистенции.
Меѓутоа, „Мундо Депортиво“ пренесува изјава на Мбапе со која многумина во Мадрид беа шокирани, а го критикуваше и тренерот Карло Анчелоти.
Французинот на блиските луѓе им призна дека не му се допаѓа како Реал игра и дека го заморува начинот на игра и работа на Анчелоти, и дека не е единствено и дека има доста проблеми во соблекувалната на Реал кои се кријат.
Мбапе во ПСЖ навикна да биде главен играч и сè да се врти околу него, а се чини дека сега е дојден во средина каде што треба да игра за тимот.
Тренерот Карло Анчелоти често го користи Мбапе на позиција „деветка“ поради недостаток на класичен напаѓач. Меѓутоа, Французинот повеќе не сака да игра на таа позиција и тоа е јасно му е пренесено на италијанскиот стручњак.
„Мбапе не сака да игра на позицијата ‘деветка’ во Реал. Сака да биде на левата страна на нападот”, наведе „Спорт“.