Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид ги објави броевите на дресовите за новата сезона, а дел од ѕвездите решија да ги променат тие кои ги носеа во текот на минатата година.
Килијан Мбапе ќе го носи дресот со број девет кај „кралевите“, а „десетката“ останува кај Лука Модриќ, додека „осумката“ има нов сопственик.
Поради тоа што си замина Тони Крос од клубот и се пензионира, нова „осумка“ на тимот ќе биде Федерико Валверде.
Едуардо Камавинга наместо бројот 12 го зема 6, кој претходно му припаѓаше на Начо Фернандез, а броевите ги сменија и Арда Ѓулер и Орелиен Чуамени.