Нова главоболка за Анчелоти, а причина е – Винисиус!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Карло Анчелоти, и покрај добрите резултати, се соочува со проблеми на почетокот на сезоната, а денеска доби лоши вести за Винисиус Жуниор.

На стартот на сезоната Реал остана без Тибо Куртоа и Едер Милитао кои се повредија, а веднаш потоа се повреди и Винисиус.

Бразилецот ќе мора да паузира најмалку еден месец, а шпанските медуми пишуваат дека Анчелоти е разочаран бидејќи не очекувал такво нешто.

Реал Мадрид по три кола има девет бодови, откако ги совлада Атлетик Билбао, Алмерија и Селта. Херој во сите натпревари беше Џуд Белингам.