Нова порака на Сала: Не ме интересира Кардиф, но морам сосила да заминам таму!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Францускиот магазин „Л’Екип“ објави нова порака од починатиот Емилијано Сала две недели пред несреќата со авионот.

Аргентинскиот фудбалер повеќе пати повторил на еден член од неговото семејство дека не сака да се пресели во Кардиф, но дека мора да го направи тоа затоа што претседателот решил да го продаде за 15 милиони фунти.

Фудбалерот кажал дека му е одвратен претседателот Валдемир Кита и сакал неговиот агент да му Меиса да му најде нов клуб.

„Синоќа ми се јави агентот и ми кажа дека Франк Кита (синот на претседателот на Нант) му кажал дека ме продале на Кардиф, зашто пристигнала многу добра понуда и тие ќе заработат многу пари. Сепак, јас не сакам да одам таму. Понудата е добра, но мене Кардиф не ме интересира. Сакав Меиса да ми најде нов клуб, но Валдемар немал разбирање, а јас не сакам да зборувам со него, зашто ми е одвратен. Тој само сака да ме продаде во Кардиф и да земе пари…“, кажал Сала.