Нова повреда во Реал Мадрид, дали ова веќе е загрижувачки?


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Стоперот на Реал Мадрид, Дин Хаузен, никако да фати ритам и да поврзе неколку натпревари без повреда.

Тој повторно доживеа полесна повреда на мускулот поради која ќе го пропушти вечерното гостување кај Осасуна, а исто така е под прашање за реваншот во плејофот од Лигата на шампионите против Бенфика.

Ова не е првпат Хаузен да оди на кратка пауза поради повреда, напротив, веќе четири пати оваа сезона беше на терапии поради проблеми со мускулите.

Добра вест за Алваро Арбелоа е дека Антонио Ридигер се целосно опорави и се врати во тимот, и ќе го формира стоперскиот тандем заедно со Раул Асенсио. 

Од пристигнувањето од Борнмут за 62.500.000 евра, Хаузен одигра 27 натпревари во сите натпреварувања.

Реал Мадрид гостува кај Осасуна вечерва во 18:30 часот, а потоа во среда во 21:00 часот ја дочекува Бенфика.