Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Претседателот на бугарскиот тим Славија Софија, Венцислав Стефанов продолжи со провокациите кои почнаа пред дуелот меѓу Македонија и Бугарија (1-1).
Стефанов продолжи да провоцира и кажа дека судијата им ја украл победата, а потоа ја навреди и Македонија.
„Македонија напаѓаше на моменти, но судијата ни ја украде победата. Моето потекло е од Битола, но јас не сум Македонец, туку Бугарин. Тие што се прават патриоти во соседството треба да знаат дека Македонија е југозападна Бугарија“, вели Стефанов.
Пред натпреварот македонскиот капитен Стефан Ристовски го спореди со нилски коњ.